26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ го запре производството на „iMac Pro“

„Apple“ го запре производството на „iMac Pro“

„Apple“ веќе нема да го произведува својот „iMac Pro“, кој некогаш беше најмоќниот компјутер што го нуди компанијата, пишува „CNN“.

Оние кои се уште сакаат да имаат ваква машина, можат да набават во ограничен временски период. Стандардниот модел од 4.999 долари е сè уште достапен за купување од веб-страницата на „Apple“, но тоа ќе биде случај сè додека има единици на располагање. Откако ќе се распродадат залихите, „iMac Pro“ повеќе нема да биде достапен, изјавија од „Apple“ за „CNN Business“.

„Apple“ го објави „iMac Pro“ во 2017-та година, нарекувајќи го „најмоќниот „Mac“ во историјата“.

Компјутерот беше насочен кон креативни луѓе и професионалци, нудејќи поголеми можности во областа на графиката и 3Д визуелизациите. Сепак, уредот не доби значајни ажурирања во последните неколку години.

Во август, „Apple“ го објави својот 27-инчен „iMac“. Технолошката компанија додаде дека новиот модел може да биде конфигуриран да ги задоволува потребите на професионалци. Но, за оние кои сакаат уште подобри перформанси, „Mac Pro“ е достапен.

„Apple“ се подготвува за нови модели на „iMac“, кои ќе бидат објавени оваа година за да ги заменат моделите од 21,5 и 27 инчи, напиша „Bloomberg“ во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП