26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.03.2021

Дневен хороскоп 08.03.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Решавате многу важни деловни задачи кои долго време сте ги посакувале. Имате големи планови во врска со работата поради која би морале често да патувате. Плановите кои ги имате со партнерот се реални. Можна е минлива несвестица.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Уживате во претстојните предизвици. Една личност врши притисок на вас во врска со враќањето на долговите. Можна е романса на работа со личност која површно ја познавате. Поведете повеќе сметка за својата крвна лика. Не се чувствувате баш најдобро.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пријатен ден во кој прекрасно се чувствувате и заборавате на се со што сте опкружени. Дружење со некој Рак дополнително ќе ве олабави. Тој постојано ве прогонува, така што нема да можете да се ослободите од него. Внимавајте на слатките, намалете ги.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја поделите со другите. Со партнерот ги делите само убавите моменти, но имате време и за пријателите. Свесни сте колку ги имате и не можете се да постигнете. Очекувате многу од овој ден.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Деловната ситуација е подобра од претходно. Немојте да го загорчувате животот на вашите најблиски, особено ако станува збор за емотивната сфера во животот. Имате чувство на отфрленост или промашување, а тоа дефинитивно ви го расипува расположението.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Недоверливи сте и не сте подготвени за соработка. Можни се критики поради лошата концентрација. Потребен ви е некој кој ќе ги разбере вашите емотивни проблеми и кој добро ве познава. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе успеете да им се допаднете на другите луѓе кои ви се важни за работата. Ќе бидете во елемент, но прилично исцрпени. Не би требало да преземете на себе си некои големи обврски. Милите на лицето кое живее близу до вас. Премногу го исцрпувате вашиот организам.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Им се спротивставувате на лицата со кои немате добра соработка. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирни води или да се занимавате со децата доколку ги имате. Постои опасност да се појави некое лице од минатото. Здравјето ви е добро и постабилно.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Доколку сакате да ја промените работата, добро размислете пред да го направите тоа. Атмосферата во вашиот дом станува прилично напната, бидејќи вие сте поттикнувач на многу случувања, разговори и активности со кои вашите блиски не се сложуваат.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Не донесувајте одлуки брзоплето. Ако имате намера да се впуштите во работа со роднините, добро размислете колку тоа ќе ви се исплати. Во љубовта сте прилично воздржани и недоверливи. Не претерувајте со консумирањето на слатки.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашите квалитети ќе ги забележат лица на повисока функција. Сакате по секоја цена да се изборите за нешто што ви припаѓа и можно е со поддршката на оние кои ве сакаат да успеете во тоа. Обидете се да ги избегнете лицата кои не ви мислат добро.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Ве оптеретуваат непотребни ситници. Во љубовта сте подготвени во многу нешта да попуштите само за да си обезбедите мир, но партнерот постојано и дава на знење дека е супериорен, а тоа многу ве нервира. Во одлична кондиција сте и добро се чувствувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП