26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBugatti Veyron Grand Sport Vitesse

Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse

v9(3)

„Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse“ на „Volkswagen“ е најбрзиот и најскап автомобил во светот (со исклучок на тркачките модели). Од овој модел ќе бидат произведени само 150 примероци.

Цената на овој скапоцен „камен“ е 2.3 милиони долари и само најбогатите љубители ќе можат да си дозволат да седнат зад воланот „Vitesse“ што на француски значи „брзина“. Во април, моделот без покрив достигна 408.84 км / час на патеката во Германија, што е светски рекорд.

v4(3)

Кожата во внатрешноста е од крави кои се одгледуваат на висока надморска височина. Ова го гарантира нејзиниот висок квалитет, бидејќи на висока надморска височина има помалку инсекти кои касаат кравата и да ја оштетуваат кожата.

v2(2)

Секој елемент во автомобилот е дизајниран така што помага за тоа тој да развива поголема брзина. Автомобилските гуми чинат 35.000 долари (за комплет од 4 парчиња). Автомобилот има 8-литарски W16-цилиндричен мотор со моќност од 1.200 коњски сили. Тој забрзува до 100 км / час за 2.6 секунди!

v7(2)

Иницијалите ЕБ на колата доаѓаат од името на основачот на брендот Еторе Бугати. „Veyron“ е во чест на Пјер Вернон, кој беше главен инженер, тест пилот и тркачки пилот во компанијата.

Во 1939-та година тој заедно со Жан Пјер Уимил го освои престижното натпреварување „Le Man“, возејќи „Bugatti“. „Vitesse“ има максимална брзина од 410 км / час, иако „Grand Sport Vitesse“ е електронски програмиран да не ја зголемува брзината до над 374 км / час.

v6(2)

Сопствениците добиваат два клуча. Малиот сребрен клуч е за специјална брава до седиштето на возачот и само со него автомобилот може да развие максимална брзина. Моторот се наоѓа во задниот дел, а напред може да се чува багаж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП