Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.390.563.281 денари и е зголемен за 170,48 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 1.004.456.344 денари и е зголемено во однос на јануари за 155,37 отсто кога изнесувало 393.336.688 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 586.617.601 денари и обврзници во вредност од 417.838.743 денари.
Блок трансакциите во февруари изнесувале 386.106.937 денари и се зголемени за 219,68 отсто во однос на јануари.
Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2.536 и е зголемен за 67,50 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.514.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Гранит АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за февруари 2021 година можете да го погледнете тука.