23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фридом хаус“: Пад на демократијата во светот

„Фридом хаус“: Пад на демократијата во светот

Според последниот извештај на меѓународната невладина организација „Фридом хаус“, земјите од Западен Балкан, се во категоријата делумно слободни држави и се посочува дека падот на демократијата минатата година е забележан во целиот свет.

Во извештајот се наведува и дека назадување имало на територијата на целиот Западен Балкан во текот на 2020 година.

Кај нас е забележан мал напредок, чии институции, како што стои во извештајот, во голема мера се повратија „од штетата што им ја нанесе поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски“.

Извештајот опфаќа 195 светски земји и 15 територии и најдобро ги рангира скандинавските земји Финска, Норвешка и Шведска, кои имаат по 100 поени, а Северна Кореја е на најлошо место со три бода.

Извештајот исто така покажа дека граѓаните на вкупно 73 земји во светот живеат во услови на деградација на политичките и граѓанските права, а напредок во тие области е регистриран во 28 земји.

54 земји во светот се класифицирани како слободни земји, во кои живеат вкупно 38 проценти од светската популација, а помалку од 20 проценти од светските граѓани живеат во услови на целосна слобода – што е најлош ефект од 1995 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП