24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕксцентричниот милијардер не запира - Маск гради нова фабрика

Ексцентричниот милијардер не запира – Маск гради нова фабрика

Компанијата SpaceX гради нова фабрика во Тексас за својата сателитска широкопојасна услуга Starlink, според објавениот оглас за работни места за инженери.

Така, Илон Маск, кој е сопственик на компанијата, продолжува да инвестира во таа јужноамериканска држава.

Маск, кој раководи со неколку футуристички компании, вклучувајќи ги “Tesla”, Neuralink и Boring, во декември се пресели од Калифорнија во државата Лаун Стар Стејт, Тексас, за да се фокусира на новиот погон за производство на електрични автомобили и неговиот потфат SpaceX.

Во огласот на SpaceX за вработување на инженери во Starlink се наведува дека се отвора „нова, модерна“ фабрика за производство во Остон, Тексас, со цел да се одржи чекор со глобалната побарувачка.

Starlink планира мрежа од десетици илјади сателити во ниската орбита на Земјата што ќе обезбеди глобално брз интернет.

Маск претходно изјави дека Starlink, чие седиште е моментално во Редмонд, Вашингтон, ќе биде главниот извор на финансирање за неговите понатамошни планови, како што е развојот на ракетата Starship за патнички летови кон Месечината и евентуален обид за колонизација на Марс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП