25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

Нема крај, Хрватска повторно ја стресе силен земјотрес

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди централна Хрватска во 5 часот и 37 минути. Епицентарот бил на шест километри од Глина.

Прилично силен земјотрес ја погоди областа на централна Хрватска во 5:37 часот, а првите проценки на веб-страницата на ЕМСЦ велат дека неговата магнитуда е 4,4 според Рихтер, но подоцна проценката е намалена на 4,1. Хрватската сеизмолошка служба објави нешто повеќе од половина час по земјотресот со проценка од 4,2 според Рихтер.

“Утрово, 3 март, во 5:37 часот наутро, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа прилично силен земјотрес со епицентар во близина на Глина. Јачината на земјотресот беше 4,2 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот беше V (пет ) степени на скалата на ЕМС “, стои во соопштението на Сеизмолошката служба.

Според веб-страницата на ЕМСЦ, епицентарот бил само шест километри северно од Глина и се случил на длабочина од два километри.

Земјотресот бил почувствуван на пошироко подрачје и прилично ги потресол жителите на Загреб.

Хрватите се познати по тоа што оставаат бројни коментари на таа страница дури и кога чувствуваат многу послаби земјотреси, и така е и овој пат. За еден час по земјотресот, тие оставија повеќе од 600 сведоштва.

„Беше прилично разнишано“, коментира еден жител на Глина, додека жител на Петриња, на 17 километри од епицентарот, рече: „Се разви татнеж, а потоа сè започна да се тресе и да скока лево и десно. Траеше подолго од вообичаеното“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП