25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХотели- Метропол А.Д. со загуба ја заврши 2020 година

Хотели- Метропол А.Д. со загуба ја заврши 2020 година

Хотели- Метропол А.Д. Охрид за периодот јануари- декември 2020 година во своето работење оствари негативен финансиски резултат на износ од 28.512 илјади денари.

Вкупни приходи

Приходи од работењето на Хотели- Метропол А.Д. Охрид за 2020 година изнесуваат 79.353 илјади денари и истите гледано споредбено со 2019 година се намалени. Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 59.357 илјади денари што покажува намалување  за  72 % во однос на 2019 година, останатите приходи во износ од 19.996 илјади денари се  енормно зголемени во однос со истите од минатата година како резултат на користење на финсиска помош за справување со глобалната пандемија. Финансиските приходи се намалени во однос на 2019 година и изнесуваат 1.012 илјади денари.

Вкупни расходи

Расходите од работењето во износ од 107.524 илјади денари, се намалени за 37% во однос на расходите во 2019 година. Најголемо учество во вкупните расходи од 46,1% имаат трошоците за вработени во износ од 49.570 илјади денари, кои споредбено со 2019 година се намалени за 24%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 21.999 илјади денари се  значајна ставка во расходите со 20,46% учество во вкупните расходи, кои во однос на 2019 година се намалени за 63%. Финансиските расходи бележат опаѓање во однос на истите од претходната година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП