28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФабрика Карпош прокнижи добивка од 26,8 милиони денари за 2020 година

Фабрика Карпош прокнижи добивка од 26,8 милиони денари за 2020 година

Фабрика Карпош А.Д Скопје за период од Јануари-Декември 2020 година оствари позитивен финансиски резултат прикажан во поединечниот неревидиран биланс на успех.

Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на производи (реализација) на големо на домашен пазар , приходи по времени ситуации, приходи од продажба на станови во вкупен износ  од 897.763 илјади денари..

Остварената нето добивка по оданочувањето за периодот 01.01-31.12 2020 година изнесува 26.751 илјади. Со оглед на недовршеното производство или производството во тек кое произлегува од станбен комплес Александрија(проект за изградба на станови кои ги гради Фабрика Карпош А.Д Скопје) со издавање на фактури на купувачите на станови по продажни цени, залихата ке се валоризира и ќе го зголеми приходот на компанијата.Во 2020  година  вкупните расходи  во најголем дел се однесуваат на трошоци на продадени производи и услуги и истите  изнесуваат 681.649 илјади денари.  Финансиските расходи,расходи по основ на камати се на износ од  7.062 илјади денари во извештајниот период .

Во периодот од 01.01-31.12 2020 година нема евидентирано промени во сметководствените политики и методи на вреднување на средствата во однос на претходниот ревидиран извештај.

Во извештајниот период 01-12/2020 година нема исплатени дивиденди.

Во периодот од 01.01-31.12.2020 нема вложувања во материјални средства ниту отпис  поголем од 30% од вредноста на средствата споредени со минатогодишните резултати.

Во 2020 година кредитните задолжувања на друштвото не бележат значителни промени во однос на последните годишни финансиски извештаи.

Во период на предизвици, земајки ја предвид несигурноста заедно со состојба на ковид пандемијата, Фабрика Карпош АД Скопје, продолжува да работи во насока на исполнување и остварување на проекциите утврдени во Бизнис Планот.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП