28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ го натера „Google“ на незгоден потег: Откриле точно какви податоци собираат...

„Apple“ го натера „Google“ на незгоден потег: Откриле точно какви податоци собираат нивните апликации и за што ги користат

Веќе е добро познато дека Google собира куп податоци за секој од нас. Но, колку податоци всушност има и што се собира, конечно дознавме откако „Apple“ ја воведе новата политика за приватност.

Имено, како дел од оперативниот систем iOS 14 беа воведени нови правила за приватност, кои добро ја потресоа огласувачката индустрија. Бидејќи иако Apple нема да ги блокира огласувачите да ги следат корисниците додека сурфаат на Интернет и користат разни услуги, тој ги принуди програмерите да истакнат какви податоци собира апликацијата и за што ги користи, но и да добијат одобрение од корисниците за таквото собирање.

Ова, се разбира, не им се допадна на големите „следбеници“ како „Facebook“ и „Google“ бидејќи нивниот главен извор на приход доаѓа токму од високо персонализирани реклами. Иако гласно се спротивставија на потегот на Apple, сепак мораа да се согласат на новите услови.

И додека Facebook гласно протестираше против новите правила, Google даде до знаење дека тоа не му се допаѓа, но сепак без многу врева тие се согласија на новите правила и со тоа открија што точно и во која количина собираат од корисниците на iPhone и iPad.

За собирањето податоци за аналитика и персонализација на производи за рекламирање од трети лица и функционалност на апликации, веќе сите знаеме. Сепак, откриено е вистинско богатство на податоци во категоријата „други намени“, и тоа во делот „други типови на податоци“.

Така, Google откри дека собира информации од историја на пребарување, шопинг, локации, информации за контакт, информации за контакти од телефонскиот именик, информации за согласност дадени од корисници, податоци за идентификација, податоци за користење на апликации, но и податоци за дијагностицирање на апликации.

Сепак, треба да се забележи и дека количината на податоци кои ги собира Google варира во голема мера од апликација до апликација. На пример, додека апликацијата Gmail собира локација, корисничко име и податоци за реклами за своите огласувачи, YouTube оди многу подлабоко. Покрај се што собира Gmail, YouTube снима локација, физичка адреса, е-маил, име, телефонски број, историја на пребарување и прелистување, корисничко име и ID на уредот и информации за огласувачите и интеракцијата со производот.

Google и Facebook и претходно ги собираа овие податоци, но отворено не навеле што точно собираат и за што служат. На пример, дали некои податоци се користат за создавање кориснички профил и идентификување на корисник или за следење на корисник.

Доколку корисниците сакаат да ги видат податоците кои се собираат за секоја апликација, ќе мора да ја посетат App Store, да ја побараат апликацијата за која сакаат да бидат информирани и потоа да проверат што се собира во делот App Privacy.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП