Европската централна банка(ЕЦБ) ќе одлучи на пролет, најверојатно во април, дали ќе ги продолжи со подготовките за лансирање на дигиталното евро, сложен проект кој може да ги олесни плаќањата, но и да ги разниша темелите на финансискиот систем.
Најавата на Фејсбук за проект за лансирање на сопствена дигитална валута во летото 2019 година (првично наречена Либра, а сега Дием) беше повик за будење на централните банкари и владите ширум светот.
Достигнувањето до 2,7 милијарди корисници со свој дигитален токен, врзан за суверени валути, регулаторот го сфати како закана.
Некои централни банки, вклучително и Шведска и Кина, веќе работеа на дигитални верзии на сопствените валути. Но, многумина одлучија повеќе да ја истражат идејата – по објавата на Фејсбук – за да го заштитат својот монетарн суверенитет.
На 18 јули Г7 ги наведе барањата кои треба да ги исполни новата „паричка“ на Фејсбук Либра, бидејќи регулаторите се повеќе внимаваат на „сериозните ризици“ кои ги носи оваа дигитална валута.
ЕЦБ на 12 јануари ја заклучи јавната расправа на која привлекоа масовни повратни информации со повеќе од 8.000 одговори.
- Добивме рудник со информации кои во моментов ги обработуваме, рече на 21 јануари претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, објаснувајќи дека тоа ќе доведе до извештај кој ќе биде јавно достапен.
- Само на пролет, веројатно во април, ќе утврдиме дали ќе ја продолжиме работата што ќе треба да ја завршиме, додаде таа.
Извори од Банката на Шпанија објасниле дека, по извештајот, ЕЦБ ќе одлучи дали да започне пилот проект за тестирање на одржливоста на дигиталното евро и да собере повеќе практични знаења.
Сепак, Лагард верува дека дигиталното евро на крајот ќе ја види светлината на денот.
“Претпоставувам, но ова е одлука која заеднички ќе ја донесеме, но можеме да одиме во таа насока, рече таа во ноември минатата година. Но, како што повеќе пати повтори, нејзиното воведување не значи дека банкнотите и монетите ќе исчезнат.
Проектот има силни поддржувачи и во Комисијата.
- Мислам дека ни треба дигитално евро, изјави заменик-претседателот за економија Валдис Домбровскис на група новинари на 19 јануари.
Потенцијалот на дигиталното евро е огромен, но има и свои предизвици, како што забележа Лагард.