26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Deutsche Telekom“ ја испраќа 2020-та со приход од над 100 милијарди евра

„Deutsche Telekom“ ја испраќа 2020-та со приход од над 100 милијарди евра

„Deutsche Telekom“ ја заврши 2020-та година со одличен учинок во четвртиот квартал, известувајќи за растот на приходите, додека спојувањето на „T-Mobile US“ со ривалот „Sprint“, и помогна на групацијата да ја надмине границата на приходите од 100 милијарди евра за цела година.

Приходите од 101 милијарда евра минатата година беа постигнати главно поради договорот со „Sprint“, кој беше финализиран во април 2020-та година.

„Во 2020-та година, напишавме историја. Додадовме значајно и важно поглавје во историјата на „Deutsche Telekom““, коментира извршниот директор Тим Хотџис.

За четвртиот квартал, компанијата објави раст на приходите од 29,3% на годишно ниво и достигна 27,6 милијарди долари, а нето добивката исто така значително скокна за 155,5% на 1,8 милијарди долари.

На својот домашен пазар, Германија, „Deutsche Telekom“ ги зголеми своите приходи за 0,6 проценти на 6,3 милијарди евра, што ги постигна и покрај предизвиците поврзани со Ковид-19, иако пандемијата не влијаеше на приходите на мобилните телефони, кои се намалија за 1,6% како резултат на намалувањето на роамингот и бројот на посетители во земјата.

Компанијата забележа 53% зголемување на употребата на податоците – во просек 6 GB по корисник, во текот на кварталот.

Бројот на корисници на мобилна телефонија е зголемен за 682.000, со што се искачуваат на вкупно 48,5 милиони.

Во остатокот од Европа, телекомот објави пад од 2,9% на приходите во четвртиот квартал на 2,9 милијарди евра, што му се припишува на ограничувањата поради коронавирусот.

Сепак, вкупниот приход беше поддржан главно од американската единица, за која компанијата тврди дека имала „одлична прва година“ по договорот со „Sprint“.

Приходите таму скокнаа за 71,6% на 20,5 милијарди долари благодарение на новите 1,7 милиони нето клиенти, со што вкупната клиентска база во земјата достигна 102 милиони.

За целата 2020 година, „T-Mobile US“ веќе постигна синергија од 1,3 милијарди долари од спојувањето со „Sprint“, додаде „Deutsche Telekom“. Операторот соопшти дека потрошил вкупно 17 милијарди евра за мрежни инвестиции од двете страни на Атлантикот за годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП