29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто никогаш не треба да ги пребарувате на интернет своите симптоми

Зошто никогаш не треба да ги пребарувате на интернет своите симптоми

Речиси секое лице кое има пристап на интернет барем еднаш симптомите на некоја болест ги пребарувало на Google. Како последица на тоа најчесто се јавува паника, бидејќи резултатите од пребарувањето на симптомите најчесто завршуваат со заклучок дека имате некоја „неизлечлива“ болест.

Токму поради неточните дијагнози кои повеќето си ги поставиле сами на себе по пребарувањето на симптомите на интернет, лекарите препорачуваат неколку совети.

Никогаш сами на себе не си поставувајте дијагноза

Може да биде многу опасно да си поставувате дијагнози врз основа на интернет. Пребарувањето на симптомите ќе ви одземе многу време, што само ќе ја одложи вашата посета на лекар и добивањето на соодветната дијагноза.

Никогаш немојте сами на себе да си препишувате лекови

Една работа е да пребарувате совети за здрава исхрана на интернет, здрави природни напитоци и слично, а сосема друга и многу опасна е примената на средства, лекови за лекување на конкретни болести на своја рака.

Пребарување по блогови

Само затоа што некој има популарен блог тоа не значи дека знае за што пишува. Освен тоа, првата страница која Google ја појавува, не мора да биде и најточна.

Обратете се на лекар

Едноставни е – читањето и информирањето на интернет само дополнително ќе ве загрижи, но нема да ве излекува. За конкретна дијагноза и лекување мора да посетите лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП