25 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.02.2021

Дневен хороскоп 26.02.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

Во ова време од годината вие секогаш се чувствувате силни и имате потреба да се покажете и да се докажете. Имате потреба да ги контролирате сите сегменти од животот и не дозволувате ништо да ви го наруши задоволството. Меѓутоа денес некои работи од минатото можат да ви внесат немир во душата.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

Ви пречи кога ќе морате да се вратите назад и да преработувате нешто што веќе е сработено. Колку и да се буните и да праќате отровни стрели кон претпоставените, денес ќе морате да се справите со работите што веќе сте ги заборавиле. Доколку сте слободни и заинтересирани за една постара личност, време е да направите некаков чекор.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете тактични какви што сте и не дозволувајте да влезете во конфликт со претпоставениот. Вам мислите ви се на друга страна и не внимавате на работата. Затоа не бранете си ги грешките, туку поправете ги и молчете. Промените кои долго ги очекувате се уште не се случуваат и тоа ви влева дополнителна нервоза.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе се случи нешто што ќе ви даде верба дека нешто добро може и вам да ви се случи. Можеби тоа не е нешто големо, туку само глас кој ќе ви влее надеж за во иднина. Слушајте ја интуицијата и не дозволувајте да паднете сега кога поголем дел од тешкиот пат е изоден.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

Време е да почнете да работите на себе и да престанете да си барате мани. Можеби сериозен разговор со партнерот или со пријателите може да ви помогне да се опуштите. Партнерските односи ви се добри и чувствувате дека ништо не сакате да менувате. Доколку сте осамени и размислувате за една стара љубов, време е да се соочите со вистината.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе се обидете со ладна глава да направите некој договор кој, според вас, би требало да биде добар за вашата кариера. Имате голема самодоверба, но ви недостасува енергија да ги истерате работите до крај и поради тоа секој ве нервира. Односите со партнерот се солидни.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

Време е да направите пресек на досегашната работа и да започнете нешто ново. Доколку оставите нерешени работи само ќе се вртите во круг и нема да можете да се одлепите од минатото. Вам ви се потребни нови почетоци и затоа морате да бидете посериозни во однос на старите и незавршени обврски.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Полека ви расте самодовербата и веќе не дозволувате да бидете виновни за сите неуспеси што ви се случуваат. Доколку сте осамени, на овој начин никогаш нема да најдете личност што ви одговара. Премногу сте обземени со некој кој не размислува за вас.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во полето на финансии ви се јавуваат проблеми. Сумата што треба да ви дојде ќе биде многу помала од очекуваната што ќе ви создаде додатни неволји. Доколку сте слободни и упорно во мислите се враќате во минатото, денес престанете да размислувате, преземете акција и јавете се.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку планирате пат бидете внимателни. Чувствувате блокада која ви го одзема вниманието и тешко ќе можете да се концентрирате на патот. На работното место ви се јавуваат недоразбирања со колегите, но вие вешто ги избегнувате расправиите. Во партнерските односи ништо особено не се случува.

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

Тешкотиите на кои наидувавте во работата, на моменти ве обесхрабруваа, но моравте да завршите без разлика на вашите чувства. Лутината што ја држите кон партнерот ќе мора еднаш да помине. Затоа е најдобро да седнете и да разговарате уште денес.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

Вие токму сега со зголемено темпо започнувате со работа и целата своја енергија ја насочувате да успеете. Разговорите што ги имавте во изминатата недела, денес можат да ви донесат успешен договор и континуиран финансиски прилив во следниот период. Партнерот е импулсивен и реагира несоодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП