19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГерманскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

„Mercedes-Benz“ отвори нова страница во својата веќе богата историја. Германската марка го одбележа производството на 50 милиони автомобили, а јубилејниот број е најдобар можен за да се прослави ваквата импресивна фигура – специјалната и многу луксузна „Mercedes-Maybach S-Class“.

Се разбира, за постигнување на ваков специјален јубилеен автомобил имаше доста сериозно планирање од страна на експертите на „Mercedes“. Како што се приближуваше јубиелјниот број, сериозен тим економисти, стратези и лица од маркетинг мораа да ги испланира работите за да излезат токму такви – 50-милионитиот автомобил да не биде од основната верзија на „А-Class“, туку посебен модел, кој се наоѓа во врвот на гамата.

Специјалниот модел, означувајќи ја новата пресвртница во историјата на „Mercedes“, излезе од монтажната линија на фабриката на брендот во Зингелфинген, Германија. Сите верзии на „S-Class“, вклучително и „Maybach“, како и долгоочекуваниот електричен „Mercedes-Benz EQS“, ќе излезат од оваа фабрика, позната и како „Factory 56“ и беше отворена минатата есен.

Идниот „EQS“ ветува дека ќе биде доста импресивен и во однос на луксузот и удобноста, и како електричен автомобил. Еколошката лимузина ќе има 2 електромотори со вкупна моќност од 475 „коњски“ сили и вртежен момент од 760 Nm. Машината ќе има и импресивна километража од 700 километри, благодарение на батеријата со капацитет од 100 KWh.

„„Mercedes-Benz“ отсекогаш бил синоним за луксуз. Затоа сум многу горд на оваа годишнина: произведените 50 милиони автомобили се пресвртница во нашата историја и извонреден резултат заради сите вработени во компанијата“, рече Јорг Бурцер, член на управниот одбор на „Mercedes-Benz AG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП