20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Apple“ во последните шест години купиле околу 100 компании

„Apple“ во последните шест години купиле околу 100 компании

Американската компјутерска компанија „Apple“ купи околу 100 компании во последните шест години, изјави нејзиниот извршен директор Тим Кук.

Тој на состанокот на акционери рече дека тоа значи дека тие купувале по една компанија приближно на секои три до четири недели.

„Apple“ неодамна го објави својот најголем квартален приход на сите времиња од 111,4 милијарди долари во првиот квартал на фискалната 2021 година.

Кук рече дека аквизициите се главно насочени кон стекнување технологија и талент.

Најголемата аквизиција на „Apple“ во последната деценија беше купувањето на компанијата „Bits electronics“, производител на слушалки, во вредност од три милијарди долари, која ја основа раперот и продуцент д-р Дре.

Друга значајна набавка беше компанијата за софтвер за препознавање музика Shazam за 400 милиони долари во 2018 година.

Apple обично купува помали технолошки компании и потоа ги вметнува нивните иновации во сопствените производи.

Еден пример е PrimeSense, израелска компанија за 3Д сензори чија технологија придонесе за системот за препознавање на лице на Apple.

„Apple“ исто така инвестираше во позадинска технологија која не би била толку очигледна за корисниците на „Ајфон“ и „Мек“.

Списокот на аквизиции и инвестиции на „Apple“ е исклучително разновиден, наведува Би-Би-Си.

Во изминатата година, Apple купи неколку компании кои се занимаваат со вештачка интелигенција, виртуелна реалност, подкасти и финансирање на стартапи.

Во 2019 година, Apple ја купи компанијата Drive за автономно возење во обид да го зголеми сопствениот удел во технологиите за самостојно управување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП