25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТетекс АД Тетово прокнижи дупло повисока добивка за 2020 година

Тетекс АД Тетово прокнижи дупло повисока добивка за 2020 година

Тетекс АД Тетово во 2020 година оствари нето добивка во износ од 70.857 илјади ден.искажана во неревидираниот Биланс на успех.

Оперативните приходи изнесуваат 160.161 илјади.со следна структура на учество :

1.Приходи од продажба изнесуваат 76.910 илјади

2.Капитализирано сопствено производство изнесува 4.886 илјади

3.Останати оперативни приходи изнесува 78.365 илјади

1.Приходите од продажба се состојат од:

  • продажба на производи и стоки на домашен пазар 61.536 илјади
  • продажба на производи и стоки на странски пазар 15.374 илјади

Со одлука на менаџментот на 29.02.2020год. престана производствениот процес, и Тетекс АД во своето работење претежно се ориентираше кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, при што за 2020год. по овој основ е остварен приход во износ од 27.619. Покрај ова во структурата на приходите остварени на домашен пазар се вклучени приходи од други услуги 7.180 илјади.

Во останатите оперативни приходи е вклучен од приходот остварен од продажба на недвижен имот во износ од 60.644илјади и 11.822илјади од продажба на опрема која во Тетекс АД не е во функција..

Оперативните расходи изнесуваат 115.653 илјади , а истиот период 2019година изнесуваа 225.993 илјади.

Бидејќи во 2020год.дојде до запирање на производниот процес , трошоците за материјали и суровини значително се намалија од 96.147 во 2019год , на 20.072 илјади во 2020год.Се намалија и останатите трошоци и трошоците за услуги. Значајна ставка во билансот на успех се трошоците за вработени, во која спаѓаат исплатите на отпремнина на 173 производствени работници кои беа прогласени како технолошки вишок согласно Законот за работни односи , во износ од 21.124илјади. Платите на вработените редовно се исплаќаа до 12 ти во месецот, за претходниот месец. Во тек на 2020год ,согласно Законот за работни односи и колективниот договор, на работниците им се исплати регрес за годишен одмор, како и други помошти предвидени со истиот.

Во Финансиските приходи се вклучени приходите од дивиденда кои ТЕТЕКС АД ги оствари во ТТК Банка во износ од 41.475илјади.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП