Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија, Венди Баркли.
Баркли е раководителка на Одделот за заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, а денеска им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е оти ќе биде можно комбинирање на вакцината против сезонски грип со вакцина против Ковид-19, објави Си-ен-ен.

