Газдата на Челси, Роман Абрамович, очигледно ужива во германските производи откога по преземањето на Каи Хаверц и Тимо Вернер минатото лето, сега се појавија снимки од неговата нова супер јахта, која се гради во пристаништето Бремерхавен.
Рускиот милијардер веќе е сопственик на „Еклипс“, јахтата што чини 669 милиони долари, но екстравагантноста ќе биде надмината со „Соларис“, опишана како најмоќната јахта на светот, на која ќе има осум нивоа и хелипад.


