23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Apple“ го престигна „Samsung“ по продажбата на телефони за прв пат од...

„Apple“ го престигна „Samsung“ по продажбата на телефони за прв пат од 2016-та

„Samsung“ со години доминира на пазарот на паметни телефони. Со оглед на тоа што произведува широк спектар на телефони, од премиум до буџетски сегмент, доминацијата на јужнокорејската компанија не е изненадување. Сепак, според последните извештаи на пазарот, се чини дека „Apple“ успеа да го престигне „Samsung“ за прв пат од 2016-та година.

Според истражувачката фирма „Gartner“, годишниот раст на „Apple“ е 14,9%, додека „Samsung“ забележа пад на продажбата за 11,8% во истиот период. Гледајќи во 2020-та година, „Apple“ оствари раст од 3,3 проценти, додека „Samsung“ има пад од 14,6 проценти. Ова е доста интересно ако се знае дека „Apple“ продава само неколку модели на „iPhone“, во споредба со „Samsung“, кој има поширок удел на пазарот.

Според Аншул Гупта, висок директор за истражување во „Gartner“, 5G изгледа дека помогнал во зголемувањето на побарувачката за паметни телефони дури и за време на економската криза предизвикана од пандемијата.

„Продажбата на повеќе 5G паметни телефони и паметни телефони од понизок и среден опсег го забави падот на пазарот во текот на 2020-та година. Иако потрошувачите останаа претпазливи во трошењето ресурси, телефоните со 5G и одличните карактеристики на камерите ги охрабрија крајните корисници да купуваат нови паметни телефони или да ги ажурираат своите тековни уреди“, вели Гупта.

Останува да се види дали „Apple“ ќе може да го задржи водството или „Samsung“ ќе може да се опорави. Претходните извештаи сугерираат дека кинеските производители на телефони, како што се „Xiaomi“ или „Oppo“, би можеле да доминираат на пазарот сега кога „Huawei“ полека го губи пазарниот удел што го имаше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП