1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСакате да кампувате, Mini подготви нешто за вас

Сакате да кампувате, Mini подготви нешто за вас

mini1

Компанијата „Mini“ претстави три различни концепти на возила за кампери и авантуристи. Веднаш да разјасниме, „Mini“ во моментов не планира сериско производство на ваква опрема за авантуристи, но не е исклучено во иднина тоа да се случи.

mini2

За „Clubvan Camper“ од „Mini“ тврдат дека тоа е најмалиот луксузен караван во светот. Во просторот за одмор се наоѓа кревет, како и мини кујна во која се наоѓа шпорет и фрижидер.

 

mini3

Интересно е дека во опремата на моделот „Clubvan“ има и телевизија, навигациски систем, а дури и мал туш со резервоар за вода под подот.

mini4

„Countryman All4 Camp“ е наменет за авантуристите. По примерот на „off-road“ моделите познати од авантуристичките експедиции, овој модел е опремен со шатор кој е монтиран на покривот на автомобилот.

mini5

Од „Mini“ тврдат дека ова решение може да се користи и на хечбек моделот со три врати и на моделот „Clubman“.

mini6

Во текот на возењето шаторот е сместен во специјална кутија на покривот, а по монтирањето во него може да спијат двајца возрасни.

mini7

Третото решение е за кампери и ја има ознаката „Cowley“ кој е наречен по местото кое е недалеку од „Oxford“, а каде се наоѓа седиштето на компанијата „Mini“.

mini8

Во приколката можат да преспијат двајца возрасни кои за време на кампувањето можат да користат шпорет со две рингли, резервар за вода за мијалникот, фрижидер, радио или телевизија. Полњачот за празната батерија се напојува со соларна енергија.

mini9

Приколката е тешка само 300 килограми, а е само 12 сантиметри е поширока од моделот „Mini Clubman“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП