18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Barclays“ ги надмина очекувањата и покрај падот на профитот

„Barclays“ ги надмина очекувањата и покрај падот на профитот

Британската банка „Barclays“ објави нето добивка за целата 2020-та година од 1,53 милијарди фунти (2,11 милијарди долари), што е за 38% помалку отколку во 2019-та година, но ги надмина очекувањата на аналитичарите.

Британскиот кредитор пријави нето добивка за четвртиот квартал од 220 милиони британски фунти, иако Велика Британија е близу до преземање на нови мерки за блокирање низ целата земја поради зголеменото ширењето на Ковид-19.

Анкетираните аналитичари од „Refinitiv“ очекуваат нето загуба за четвртиот квартал од 44,88 милиони фунти, што би довело до нето добивка за целата година од 1,22 милијарди фунти.

Конечниот извештај за 2020-та година следи по изненадувачкиот силен трет квартал, во кој банката објави профит од 611 милиони фунти.

Соодносот на заеднички капитал ниво 1 (CET1) е 15,1%, наспроти 14,6% на крајот на третиот квартал. Приносот на материјален капитал (RoTE) беше 3,2%, наспроти 5,1% во претходниот квартал.

Нето каматната маргина (NIM) изнесува 2,61% во споредба со 3,09% на крајот на 2019-та година.

„Barclays“ исто така најави дека ќе продолжи со исплата на дивиденда на акционерите со обезбедување на едно пени по акција и откупот на акции во вредност од 700 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП