28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПремиум брендовите ги подобрија резултатите на „Hermes“

Премиум брендовите ги подобрија резултатите на „Hermes“

Продажбата на „Hermes International“ скокна откако производителот на чанти „Birking“ продолжи да има корист од воспоставениот имиџ на врвна луксузна марка, пренесува „Bloomberg“.

Приходите од продажба пораснаа за 16% во четвртиот квартал на постојани валути или скоро двојно повеќе отколку што очекуваа аналитичарите. Поделбата за кожни производи е главниот двигател зад добрите перформанси.

Цената на акцијата скокна за скоро 8,9% на рекордно високо ниво како резултат на вестите.

„Hermes“, кој е познат и по свилените марами, се приклучи на „LVMH“ во известувањето за резултатите повисоки од очекуваните, откако купувачите на луксузни стоки го свртеа вниманието на воспоставените премиум брендови, вклучувајќи ги „Louis Vuitton“ и „Dior“, за време на пандемијата.

Резултатите се во контраст со оние на „Gucci“ на „Kering“, чија продажба се намали во последниот квартал. За разлика од италијанската модна марка, „Hermes“ има корист од својата силна потрошувачка база во европските земји. За повеќето компании за луксузни стоки, регионот беше најлош, имајќи го предвид недостатокот на кинески туристи – купувачи кои му помогнаа на „Gucci“ да расте во текот на изминатата деценија.

Приходите на „Hermes“ во четвртиот квартал во Азија се зголемија на прилагодена основа за околу 39 проценти, додека во Европа паднаа за 9,7 проценти.

„Луксузната компанија не гледа никаква промена во однесувањето на кинеските купувачи во споредба со последните три месеци од 2020-та година“, изјави претседателот Аксел Думас.

Покрај тоа, компанијата не планира големо зголемување на цените во оваа година, веројатно околу 1%, како во минатата година.

Годишната оперативна добивка на „Hermes“ падна за 15% на 1,98 милијарди евра, надминувајќи ги прогнозите.

„„Hermes“ ја потврди својата супериорност во однос на своите конкуренти во 2020-та година, а падот на туристичките текови е повеќе од неутрализиран од лојалната база на клиенти“, рече Дебора Ајткен, аналитичар во агенцијата „Bloomberg Intelligence“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП