ТЕХНОЛОГИЈА

Во Дубаи ќе се гради ротирачки облакодер

uae

Според најновите информации кои пристигнуваат од Дубаи во овој град имаат во план да изградат 80-катен облакодер, чии катови ќе се вртат за 360 степени на секои 90 минути.

Дизајнот на зградата е дело на архитектот Дејвид Фишер од „Dynamic Architecture“, а самиот облакодер личи на Рубикова коцка.

Според видео за проектот, станарите ќе добиваат различен поглед бидејќи станот ќе им се врти полека низ текот на целиот ден.

Еве го и видеото кое го промовираше амбициозниот проект: