15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Adidas“ реши да се раздели со „Reebok“

„Adidas“ реши да се раздели со „Reebok“

„Adidas“ тврди дека ќе се раздели од својот проблематичен американски спортски бренд „Reebok“, како дел од стратешкото преструктуирање, пишува „CNN“.

Германскиот производител на спортски производи во соопштението вели дека одлучил да започне формален процес насочен кон продажба на „Reebok“ по прегледот на неговиот бизнис, нешто што го објави кон крајот на минатата година.

„„Reebok“ и „Adidas“ ќе бидат многу подобро способни да го реализираат својот потенцијал за раст независно еден од друг“, изјави извршниот директор Каспер Рорстед. „Во следните месеци ќе работиме напорно за да обезбедиме успешна иднина за брендот „Reebok“ и тимот кој стои зад него“, додаде тој.

Одлуката за продажба на „Reebok“ беше донесена како дел од новата петгодишна стратегија што „Adidas“ ќе ја претстави на 10-ти март. Компанијата го купи американскиот бренд пред 15 години во обид да го прошири својот дострел на домашниот пазар на „Nike“. Во тоа време, „Reebok“ имаше договори со Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната фудбалска лига.

Но, во последниве години, брендот се претстави слабо и го загуби уделот на пазарот. Сега отпаѓа само 7% од приходите од продажба на „Adidas“, наспроти 18% во 2010-та година.

Рорстед започна план за деловен пресврт во 2016-та година откако го презеде управувањето со компанијата. Ова го врати „Reebok“ на профитабилност во 2018-та година и склучи зделки со познати личности како Аријана Гранде и Карди Б.

Но, присилното затворање на продавниците поради пандемијата и неуспехот да се искористи напливот на побарувачка за спортска облека забележа пад во приходите во 2020-та година. Во третиот квартал, приходите на „Reebok“ се намалија за 7% од претходната година и пад на продажбата на „Adidas“ за 2%.

Од „Adidas“ велат дека ќе се фокусираат на напорите за зајакнување на сопствената марка на глобалниот пазар на спортски производи.

„Долгорочните можности за раст во нашата индустрија се особено привлечни, особено за иконските спортски брендови“, рече Рорстед.

„Adidas“ може да го спаси „Reebok“ во самостојно јавно претпријатие или да го продаде брендот. Аналитичарите велат дека „VF Corp“, матичната компанија на „Vans“ и „The North Face“, која неодамна го купи брендот „Supreme“, за 2,1 милијарди долари, е меѓу потенцијалните купувачи.

„Authentic Brands Group“ (ABG) и кинеската „Anta Sports“ исто така може да бидат меѓу кандидатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП