петок, февруари 26, 2021
3 °c
Skopje
10 ° пет
6 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.79 0.21%    BGOR 147.00 -1.34%    GRNT 1,300.00 -0.46%    KMB 8,196.31 0.06%    LHND 615.00 0%    MPT 73,000.00 -0.4%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,449.50 -5.21%    UNI 2,580.00 -0.77%    
Почетна АВТОБИЗ

Пристигна новиот „Mitsubishi Outlander“ (ФОТО/ВИДЕО)

февруари 17, 2021
во категорија АВТОБИЗ
A A
Пристигна новиот „Mitsubishi Outlander“ (ФОТО/ВИДЕО)
449
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

„Mitsubishi“ претстави сосема нов „Outlander“ кој го краси новиот дизајнерски јазик на овој производител.

Новиот „Outlander“ веројатно ќе ги подели љубителите на автомобили, но малкумина ќе останат рамнодушни на надворешниот дизајн, особено на неговиот преден дел.

Колку и да е важен изгледот на овој модел на пазарот за „Mitsubishi“, важен е и за партнерот „Nissan“, кој поседува 34% од акциите на овој производител.

Патем, „Outlander“ споделува и механичка платформа со новиот „Nissan Rogue“, како што се нарекува „X-Trail“ на американскиот пазар.

Автомобилот според димензиите порасна во споредба со неговиот претходник.

„Mitsubishi“ наведува дека новиот „Outlander“ е 5 cm поширок од порано, додека меѓуоскиното растојание е зголемено од 2.669 mm на 2.705 mm.

Патниците на предните седишта добија дополнителни 2,54 cm за нозете, а оние од вториот ред 2,79 cm.

Надворешни димензии на возилото се должина од 4.680mm, ширина од 1.860 mm, како и висина од 1.747 mm.

„Outlander“ има 3 реда седишта, така што може да превезува вкупно до 7 патници.

Кога потпирачите за грб од вториот и третиот ред се преклопуваат, ќе добиете корисен простор за транспорт на работи долги 204 cm, што е за околу 35 cm повеќе отколку кај неговиот претходник.

Внатрешноста го покажува влијанието на „Nissan“ во дизајнот. Дигиталните екрани се земени од моделот „Rogue“, како и некои други контроли, а има и 12,3-инчна дигитална табла со инструменти.

Внатрешноста може да се нарача и во кожна варијанта, додека доза на луксуз во овој автомобил обезбедуваат и декоративните елементи изработени од алуминиум.

Новиот „Outlander“ нуди повеќе системи за асистенција како стандардна опрема, отколку неговиот претходник.

Во суштина, станува збор за ребрендирана технологија на „Nissan“ со ознака „MI Pilot Assist“.

Меѓу безбедносните системи, адаптивен темпомат, помош за одржување на возилото во сообраќајната лента, како и помош на возачот во услови на стоп-старт, каде што автомобилот забавува, застанува и стартува повторно (ако не запрел повеќе од 30 секунди), следење на возилото пред вас.

Долгиот список на системи за помош на возачот вклучува и технологија за „читање“ на сообраќајните знаци, автоматски долги светла, систем кој предупредува на можен фронтален судир, автоматско сопирање во случај на опасност, предупредување на возила во мртвиот агол…

Новиот „Outlander“ првпат беше претставен на американскиот пазар, а моторот се состои од 2,5-литарски бензински мотор за кој велат дека е развиен во рамките на алијансата „Nissan-Renault“.

Погонскиот агрегат развива 184 ks при 6.000 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 245 Nm при 3.600 вртежи во минута.

Силата се пренесува на тркалата преку 8-степен автоматски „CVT“ менувач.

Цената на новиот „Mitsubishi Outlander“ во САД започнува од 25.795 долари.

За споредба, „Nissan Rogue“ чини 25.650 долари, „Toyota RAV4“ е 26.150 долари, а „Honda CR-V“ 25.350 долари.

Тагови: автобизаутлендервозиломитсубиши
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

„Samsung“ ги подготвува „Galaxy Book Pro“ и „Book Pro 360“ со „OLED“ екрани и 5G поддршка

Следна Објава

„Nestle“ го продаде американскиот бизнис со вода за 4,3 милијарди долари

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%
КОМПАНИИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
21

Софтверската компанија „SAP“ има намера да им исплати на своите акционери значително поголема дивиденда. Надзорниот одбор, во координација со бордот...

Прочитај повеќе
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници
ЕКОНОМИЈА

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
39

На Европската унија ќе и бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени работници за стари лица до 2030-та година, со цел...

Прочитај повеќе
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година
КОМПАНИИ

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
11

Ковид-кризата во 2020-та година беше причина за сериозен пад во извештајот на шпанската телекомуникациска група „Telefonica“ - со последици за...

Прочитај повеќе
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила
АВТОБИЗ

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
96

„Mercedes-Benz“ отвори нова страница во својата веќе богата историја. Германската марка го одбележа производството на 50 милиони автомобили, а јубилејниот...

Прочитај повеќе
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити
ЕКОНОМИЈА

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021
25

Хрватска е еден од европските рекордери по кредити чија отплата е замрзната поради кризата со Ковид-19. Ова го покажаа новите...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

SAP ја зголемува дивидендата за скоро 20%

февруари 25, 2021
На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

февруари 25, 2021
„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

„Telefonica“ останува претпазлива во оваа година

февруари 25, 2021
Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

Германскиот гигант го прослави производството на 50 милиони возила

февруари 25, 2021
Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

Хрватска меѓу рекордерите во ЕУ според замрзнатите кредити

февруари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Голдман Сакс: Златото и биткоинот не се во колизија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • НАЈТОЧЕН ТЕСТ: 4 прашања за одредување на личноста

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021

февруари 25, 2021
1.7k
Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021

февруари 22, 2021
6.7k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
102

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
„Nestle“ го продаде американскиот бизнис со вода за 4,3 милијарди долари

„Nestle“ го продаде американскиот бизнис со вода за 4,3 милијарди долари

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани