25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСе повеќе се шират гласини за овогодинешните модели на iPhone 13, а...

Се повеќе се шират гласини за овогодинешните модели на iPhone 13, а една опција ќе ги израдува љубителите на телефоните на Apple

Четирите модели на iPhone 13 ќе имаат интересни нови опции, а многумина ќе го ценат always-on екранот, кој секогаш ќе ги прикажува иконите за часовникот, батеријата и известувањата.

Дури и пандемијата не успеа да го спречи Apple, кој минатата година заврши со фантастичен квартал и рекордна продажба на нови модели на iPhone. Иако лансирањето и продажбата на четирите модели на iPhone 12 се одложија за покасно во споредба со претходните години, побарувачката за телефоните на Apple никогаш не била поголема. Но, јасно е дека Кук и тимот немаат премногу време да уживаат во добри резултати, во брзиот свет во кој живееме секогаш треба да се оди напред затоа што конкуренцијата секогаш е заканувачка.

Зад затворените врати на лабораториите на “Apple“, и веројатно на тајни состаноци преку „Zoom“ или некоја друга платформа, дизајнерите и инженерите на компанијата веќе подготвуваат и тестираат новини кои можеме да ги очекуваме во „iPhone 13.“ Ако нема нови шокови со пандемијата, четири нови модели на iPhone 13, Кук ќе ги претстави во септември, а новите модели треба да се појават во продажба во текот на истиот месец.

И, што можеме да очекуваме од iPhone 13 и 13 Pro? Веќе некое време кружат разни гласини и се чини дека конечно пристигнува опцијата која корисниците ја посакуваат веќе неколку години. Тоа е, always-on екран кој секогаш прикажува одредени опции, како што се статусот на часовникот и батеријата и иконата за известување за апликацијата. Apple веќе воведе ваква опција на последните две генерации на својот паметен часовник, а сега истата можеме да ја очекуваме и со телефоните. Исто така, покрај оваа опција, екранот конечно треба да добие поголема брзина на освежување – од 120 Hz, но се чини само кај моделите iPhone 13 Pro и Pro Max.

Овие, се разбира, не се единствените новини кои може да се очекуваат – покрај побрзиот процесор и подобра графика, гласините кои кружат низ мрежата, исто така зборуваат за подобра ултра-широка камера и подобра камера астрофотографија. Така, штом iPhone се сврти кон ѕвезденото небо, телефонот треба да го препознае и да ги прилагоди поставките на камерата за најдобра можна ноќна снимка.

IPhone 13 исто така треба да донесе уште поцврсти магнети за MagSafe, преку кои додатоците може да се поврзат на задниот дел од телефонот, и конечно Touch ID, сензор за отклучување на телефонот сместен под екранот на телефонот, опција достапна за некое време на посилните Андроид модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП