19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКовид-19 и донесе поголема загуба на „Expedia“ отколку што се очекуваше

Ковид-19 и донесе поголема загуба на „Expedia“ отколку што се очекуваше

Интернет-туристичката агенција „Expedia Group“ објави квартална загуба поголема од очекуваната, откако пропаднаа резервациите поради порастот на случаите со Ковид-19 и обновените блокади, пренесува „Reuters“.

Американската туристичка индустрија и секторот за сместување, кои се едни од најтешко погодените од здравствената криза, исто така се загрозени од варијантите на коронавирусот кои се појавуваат и рапидно се шират.

„Expedia“ соопшти дека приходите од резервациите паднале за 67 проценти во четвртиот квартал на 7,57 милијарди долари.

„Четвртиот квартал ни донесе надеж во форма на одобрувањата за вакцини, но зголемениот број случаи низ целиот свет и наметнувањето блокади на различни туристички пазари вијаеше негативно“, рече извршниот директор Питер Керн.

Нето загубата на компанијата достигна 412 милиони долари или 2,89 американски долари по акција, во кварталот што заврши на 31-ви декември. За споредба, една година порано „Expedia“ објави 76 милиони долари профит, или 52 центи по акција.

Со исклучок на некои ставки, компанијата изгуби 2,64 долари по акција, во споредба со просечната прогноза на аналитичарите за загуба од 1,99 долари по акција, според „Refinitiv“.

Приходите се намалија за 66,5 проценти на 920 милиони долари, што е помалку од предвидувањата од 1,12 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП