26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија ни ги предаде вакцините на Фајзер

Србија ни ги предаде вакцините на Фајзер

Србија денеска го донираше првиот дел од 8.000 дози вакцини на Фајзер против Ковид – 19 на Северна Македонија.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваа на церемонијата на предавање на граничниот премин, истакнувајки го пријателството меѓу двете соседни балкански држави.

Србија, земја со 7 милиони жители, досега вакцинираше околу 600 000 луѓе, главно со кинеската вакцина Синофарм и руската Спутник В, а во помала мера и со вакцината на Фајзер. Земјата беше една од најуспешните во Европа во однос на тоа колку брзо го вакцинираше нејзиното население.

Спротивно на тоа, нашата земја, како и повеќето други земји од Западен Балкан, сè уште нема обезбедено ниту една доза на вакцини за коронавирус за околу 2,1 милиони жители. Многу од државите во регионот ја преиспитуваат својата стратегија да чекаат од западот и размислуваат за купување на кинеските и руските вакцини.

Предавањето на вакцината мораше да се одложи минатата недела затоа што Фајзер и нејзиниот германски партнер БионТех побараа „дополнителна документација“ од Србија за реекспорт на нејзините вакцини, рече Вучиќ.

Претходно оваа недела, владата потпишаа договор за набавка на 200.000 дози на кинеската вакцина од Синофарм, со која се надеваат дека ќе ја започнат својата програма за вакцинација подоцна овој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП