4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто најмногу се "пиратизираше" во 2020-та? Одговорот може да ве изненади!

Што најмногу се “пиратизираше” во 2020-та? Одговорот може да ве изненади!

Во текот на 2020-та година, скоро и да нема индустрија која нема доживеано големи промени поради пандемијата на коронавирусот. Аналитичката компанија „MUSO“ потврдува дека имало промена во навиките на оние кои нелегално набавуваат забавни и други содржина преку Интернет.

Минатата година беше забележана промена во трендовите на пиратеријата преку Интернет, што се препишува на пандемијата. Додека луѓето беа затворени во своите домови, побарувачката за дигитална содржина растеше, особено стримингот, а истото се рефлектираше и во побарувачката за пиратска содржина.

Има зголемување на нелегалното проследување на телевизиски програми и филмови, но, интересно, во втората половина на годината, има зголемување на дигиталните преземања на книги од дури 13%.

Вкупно, веб-страниците кои нудат пиратска содржина во минатата година биле посетени 130 милијарди пати, што значи дека секој корисник на Интернет, во просек, посетил една од тие страници 39 пати. Од тоа, над половина од посетите (65,5 милијарди) беа насочени кон гледање пиратска ТВ-содржина.

Ако погледнеме само на побарувачката за нелегален стриминг, во извештајот на „MUSO“ се наведува дека 93% од нелегалното гледање телевизија преку Интернет дошло преку такви стриминг услуги. Во филмовите, нелегалното пренесување е одговорно за 52% од потрошувачката на пиратска содржина (остатокот е нелегално преземање на содржина).

Што се однесува до „пиратите“ по земји, САД го презеде водството во минатата година, со 12,5 милијарди посети.

Следат Руската Федерација (8,3 милијарди), Кина (6,9 милијарди), Индија (5,6 милијарди), Бразил (5,4 милијарди) и Украина и Франција (по 4,3 милијарди). Кога се гледа по интернет-корисник, најчесто посетувани пиратски страници биле од државјани на Барбадос, Андора, Грузија и Украина – сите со повеќе од 200 посети годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП