29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААстероид со големина на планина ќе помине покрај Земјата во март

Астероид со големина на планина ќе помине покрај Земјата во март

Астероидот 231937 (2001 FOI32) нема големи шанси да ја погоди Земјата во март, бидејќи тој ќе помине од нас на растојание од 1,92 милиони километри, што е петпати поголемо од растојанието на Месечината од Земјата.

Сепак, НАСА официјално секоја вселенска карпа која се приближува до Земјата поблизу од 159 милиони километри ја прогласува за „објект близу Земјата“. Споменатото растојание претставува три четвртини од растојанието на Марс од Земјата. Секој што се приближува до Земјата на 7,36 милиони километри или помалку, се смета за потенцијално опасен.

Споменатиот астероид кој ќе дојде најблиску до Земјата на 21 март во 17:03 часот е прогласен за потенцијално опасен затоа што навистина може да ја погоди Земјата некаде во далечна иднина.

Астероидот првпат беше откриен во 2001 година преку мрежа на телескопи во Ново Мексико, кој е проект на МИТ финансиран од американското воено воздухопловство и НАСА. Истиот астероид се следи откако е откриен.

Користејќи информации од тоа следење, научниците исто така ја пресметале неговата орбита и откриле колку близу ќе помине покрај Земјата со брзина од 123.200 км / ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП