А1 Македонија со задоволство го објавува лансирањето на новата услуга Envoice, како дел од богатата понуда на ИКТ услуги кои ги нуди компанијата.
Envoice е софтверско решение засновано на веб платформа и е наменето за правни лица односно компании и институции кои имат потреба за лесно и едноставно генерирање, праќање и наплата на фактури до своите корисници. Со ова решение на корисникот му се обезбедува едноставност во креирањето на фактури до своите крајни корисници. Наменето е за мали и средни претпријатија кои немаат современи системи за креирање, евиденција и наплата на фактури и свои ЕРП системи како и за компании кои продаваат интернационално, односно креирање на фактури за странски физички и правни лица.

