19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche Taycan“ е најбрзиот автомобил во светот (ВИДЕО)

„Porsche Taycan“ е најбрзиот автомобил во светот (ВИДЕО)

Моделот „Porsche Taycan“ е најбрзиот автомобил во светот во затворени простории.

Неверојатен рекорд беше поставен во Њу Орлеанс, поточно, за најбрзиот автомобил во затворен простор.

Горд сопственик на тој рекорд е „Porsche Taycan Turbo S“, а зад воланот беше професионалниот возач на трки Ли Кин и тој го постави рекордот за само неколку секунди.

Местото каде „падна“ тој рекорд е внатре во Центарот за конвенции „Ernest N. Morial“ во Њу Орлеанс, во американската држава Луизијана.

Патеката во Големата сала беше обележана со сообраќајни „столбови“ и беше опкружена со бетонски столбови и претставуваше една долга и права линија во рамките на која „Taycan“ мораше да забрза од своето место до нов рекорд и да застане пред да удри во ѕид.

Ли Кин постави нов рекорд со 165 километри на час на патеката долга 488 метри, а тоа го потврдија и претставниците на Гинисовата книга на рекорди.

Погледнете како изгледаше тој подвиг:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП