Претходната година беше многу добра за пазарот на таблети, која забележа пораст на продажбата од 13,6 проценти. Испорачани се вкупно 164,1 милиони таблети, во споредба со 144,5 милиони во 2019-та година, според аналитичката компанија „IDC“.
„Apple“, вообичаено, беше водечка компанија кога станува збор за испораката на таблети. Компанијата испорача 19 милиони „iPad“ уреди во текот на четвртиот квартал и вкупно 53,2 милиони во текот на целата година. „Samsung“ е далеку зад неа, со испорачани 10,1 милиони „Galaxy Tab“ уреди во четвртиот квартал (скоро 45% повеќе од истиот период во 2019-та година).

