6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе одложува предавањето на првата пратка вакцини од Србија

Се одложува предавањето на првата пратка вакцини од Србија

Првата пратка вакцини против Ковид-19 која во земјава требаше да дојде од соседна Србија нема да пристигне утре како што претходно беше најавено.

Предавањето на вакцините беше закажано на граничниот премин Табановце, а српскиот претседател Александар Вучиќ требаше да ги достави вакцните, но сега е одложено.

Пратката требаше да ја пречекаат премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

„Ве известуваме дека заради потребата од усогласување на техничка документација околу доставувањето на вакцините, настанот кој беше најавен за утре на граничниот премин Табановце се одложува за друг датум следните денови, за што дополнително ќе информираме“, стои во дописот од Министерството за здравство.

И од кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ, објавија дека предавањето на вакцините се одложува поради дополнување на техничката документација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП