25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi Mi 11“ се справи добро на тестот за издржливост (ВИДЕО)

„Xiaomi Mi 11“ се справи добро на тестот за издржливост (ВИДЕО)

Популарниот канал на „YouTube“ – „JerryRigEverything“ го имаше моделот „Xiaomi Mi 11“ на својот неконвенционален тест за издржливост, кој неодамна беше официјализиран на глобално ниво.

Зак го подложи телефонот на тестовите за палење, гребење и виткање на екранот, а „Mi 11“ го издржа сето тоа без никакви проблеми.

Телефонот е направен од метал, а елегантната обвивка без сомнение е создадена да трае долго време. Екранот, со заштита од „Gorilla Glass Victus“, е изгребан од шестото ниво на скалата Мос, а истото важи и за задниот панел кој користи „Gorilla Glass 5“.

На тестот за виткање со рака, „Xiaomi Mi 11“ не се скрши или изгуби форма. Повеќе детали можете да видите во придружното видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП