24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува нова социјална мрежа

Пристигнува нова социјална мрежа

Сепак, за разлика од „Facebook“ и „Twitter“ кои „се искачија на небесните височини“, „Bebo“ го достигна врвот на популарноста во 2008-ма година, со 80 милиони корисници. После тоа, работите тргнаа надолу. Прво беше продадена на „AOL“, потоа на „Criterion Capital Partners“, а во 2013-та година поднесе барање за банкрот.

Во тој момент, неговите основачи, Мајкл и Џони Бирч, одлучија да помогнат. Тие ја купија „Bebo“ и ветија дека ќе ја рестартираат, како целосно нова мрежа.

Како што е најавено од Мајкл Бирч, новиот „Bebo“ ќе биде социјална мрежа која ќе се фокусира на профили на корисници и интеракција во реално време, наместо, како „Facebook“ и „Twitter“, на „новостите на ѕидот“.

„Ние ја опишуваме како друштвено поврзување во живо – кога сте најавени на „Bebo“, знаете кој од вашите пријатели е на Интернет. Ова е совршено време за нова социјална мрежа. Ковид-19 им ги отвори очите на луѓето и им покажа дека има различен начин да се прават работите, а на луѓето им недостасува директен контакт“, рече тој за „ВВС“.

Тој објасни како целиот проект е всушност голем експеримент, но дека се надева дека тој всушност ќе ги охрабри луѓето навистина да се поврзат и да комуницираат. Комбинацијата на носталгија и љубопитност ќе привлече доволно корисници за „Bebo“ да оживее, процени Бирч.

Засега, „Bebo“ е достапна само за бета-тестерите и не се знае точно како ќе изгледа, ниту како ќе се финансира. Она што го ветуваат нејзините сопственици е дека „старите“ корисници нема да можат да пристапат до нивните сметки, но и дека на Доналд Трамп ќе му биде забранет пристап од првиот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП