Американскиот фармацевтски гигант Pfizer во вторникот објави дека во 2021 година очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцини за коронавирус што ги разви со германски BioNTech.
Pfizer, заедно со германскиот BioNTech, ја развија вакцината против Ковид – 19, која беше меѓу првите одобрени за употреба во САД кон средината на декември минатата година. На крајот на декември беше одобрена и во ЕУ.

