24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПатентот на „Galaxy A“ открива ротирачка „popup“ камера

Патентот на „Galaxy A“ открива ротирачка „popup“ камера

Иако се чини дека „Samsung“ задоволи со „punch-hole“ дизајнот за камерите, ова е само привремено решение во борбата за целосно отстранување на рамката околу дисплејот. Идеалното решение, кое сè уште никој не го усовршил, е да скриете сè под екранот. Во меѓувреме, „Samsung“ игра со други идеи, што е прикажано од новооткриениот патент на компанијата.

„LetsGoDigital“ откри уште еден патентиран концепт на јужнокорејската компанија, кој комбинира идеи за „popup“ камера и ротирачки систем на камера што се користи на задната или предната страна по потреба.

Патентот опишува телефон кој има само еден сет на камери, кој се состои од три сензори поставени во вертикална положба. Кога се користат на стандарден начин, камерите изгледаат слично на новиот дизајн „Contour Cut“ што го имаат камерите на „Galaxy S21“, со таа разлика што не се протегаат до работ на телефонот.

Тајниот трик на овој систем е што тој може да се издигне од куќиштето на телефонот, по што се врти така што сензорите се насочени кон предниот дел на телефонот. Наместо сите три камери, модулот се крева доволно за да може камерата да биде видлива на горниот дел, имитирајќи ја функцијата на стандардната „popup“ камера.

Како и секогаш, патент од ваков тип не значи дека „Samsung“ ќе го имплементира опишаното решение во специфичен производ, но секако претставува интересен и интригирачки дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП