Лу Веибинг, генерален директор на брендот „Redmi“, навести дека годинава ќе пристигнат голем број телефони со сензори за камера од 100MP. Информациите доаѓаат откако моделот „Redmi Note 9 Pro 5G“ со главна камера од 108MP беше објавен во Кина во декември.
Ова сугерира дека претстојните телефони на „Redmi“ исто така може да имплементираат сензори за камери од 108MP. Веибинг исто така истакнува дека телефоните на „Redmi“ немаат сензори „ToF“, на што некои производители претходно се фокусираа и дека наместо тоа, фановите на „Redmi“ би можеле да очекуваат повеќе телефони со сензори од 100MP или повеќе.

