26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Ryanair“ очекува рекордна загуба од скоро 1 милијарда евра

„Ryanair“ очекува рекордна загуба од скоро 1 милијарда евра

Авиокомпанијата „Ryanair“ очекува рекордна загуба од скоро 1 милијарда евра за годината до 31-ви март. Но, тогаш, според извршниот директор Мајкл Олири, „драматичното закрепнување“ доаѓа подоцна во 2021-ва година, што ќе се должи на вакцинацијата против коронавирусот, објави „Reuters“.

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник, кој е и најголем во Европа, предвидува загуба од 850 до 950 милиони евра за тековната финансиска година. Тоа е скоро пет пати повеќе од претходната рекордна загуба во 2009-та година.

Но, според Олири, побарувачката ќе се опорави „многу силно“, како што расте довербата во доставата на вакцините во Европската унија.

„Би бил разумно уверен дека ќе видиме закрепнување на релативно големиот обем на патувања во овој клучен квартал од јули, август, септември“, рече тој.

Сообраќајот се очекува да биде 20-25% од нивото на пред-пандемија помеѓу април и јуни, и да се искачи на 50-70% помеѓу јули и септември – во зависност од успехот на европската програма за вакцинација. За зимскиот период, надежите се во опсег да се зголемат од 75% на 100%.

„До одреден степен сме во „Божји раце““, призна тој, додавајќи дека компанијата може да пренесе меѓу 80 и 120 милиони патници во претстојната фискална година. За споредба, во годината пред ковид-19, бројот беше околу 150 милиони луѓе.

„Ryanair“ се смета за еден од носителите со најголеми шанси за надминување на кризата со коронавирусот, поради расположивите средства и недостатокот на долги и деловни летови.

На крајот на декември компанијата имаше 3,5 милијарди евра во готово, наспроти 4,5 милијарди евра на крајот на септември. Според Олири, во моментов не постои сценарио во кое компанијата треба да собере повеќе капитал.

Превозникот исто така има намера брзо да ги искористи можностите создадени од ограничувањата на работата на конкурентите, вклучително и оние во Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија, коментира извршниот директор.

„Ќе бидеме подготвени да растеме агресивно во зимата 2021-ва година, дури и со ниски воздушни даноци“, рече тој.

Новите антикоронавирусни ограничувања го намалија бројот на патници на „Ryanair“ за 78% во последните три месеци од 2020-та година, што резултираше со загуба од 306 милиони евра во текот на периодот – нешто повеќе од прогнозираните 300 милиони евра на компанијата.

„Ryanair“ исто така објави дека ја очекува својата прва испорака на „Boeing 737 MAX“ во март од најмалку 24 авиони од вкупно 210 нарачани – на време за највисоката летна сезона.

Акциите на компанијата паднаа за 0,4% за време на тргувањето во понеделникот на 14,15 евра – помалку од нејзиниот максимум пред коронавирусот од 16,90 евра по акција, достигнат на 10-ти јануари минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП