19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Cadillac“ претстави два супер седани (ФОТО/ВИДЕО)

„Cadillac“ претстави два супер седани (ФОТО/ВИДЕО)

Компанијата „Cadillac“ претстави два нови супер седани – „CT4-V Blackwing“ и „CT5-V Blackwing“, вториот е најмоќен во историјата на американскиот бренд. Тие ќе мора да се борат против претставниците на големото германско трио „BMW“, „Mercedes-Benz“ и „Audi“.

Првиот од двата модели – „CT4-V Blackwing“ има 3.6-литарски твин-турбо V6 мотор кој развива 472 Ks. и 602 Nm. Возилото забрзува до „стотка“ за 3,8 секунди и има максимална брзина од 304km/h.

Посилниот „CT5-V Blackwing“ се потпира на 6,2-литарски турбо V8 со 668 KS. и 893 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 3,7 секунди. И во двата модели, стандардниот менувач е 6-степен мануелен, и како опција е достапен автоматски со 10 степени на пренос.

Спортските седани се опремени и со системот „Magnetic Ride Control“, што ги менува поставките за суспензија. Оваа одлика го прави возењето поудобно на нормален пат и го подобрува управувањето на патеката. Покрај тоа, „CT4-V“ и „CT5-V Blackwing“ добиваат оригинални гуми „Michelin Pilot Sport 4S“, во првиот случај тие имаат 18-инчни тркала, додека во вториот дијаметарот на тркалото е 19 инчи.

На изглед, „CT4-V Blackwing“ има карбонски елементи на каросеријата, голема решетка со преголеми странични отвори на воздухот и огромен заден спојлер од јаглеродни влакна.

„CT5-V Blackwing“ има различен преден браник со големи отвори за воздух и црни акценти, црна решетка, нов спојлер, заден дифузер и многу повеќе. Внатрешноста на двата автомобила има и детали од карбон што може да се забележат на централната конзола, воланот, панелите на вратите и рачката на менувачот. Седаните добиваат и нова 12-инчна дигитална табла со инструменти.

Во САД, цената на „CT4-V Blackwing“ започнува од 59.990 долари, а на „CT5-V Blackwing“ од 84.990 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП