Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2021 за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.01/2021 објавени се 1.974 должници – правни лица (помалу за 43 од претходната листа) и 2.961 физички лица (повеќе за 105 од претходната листа).

