23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо субвенции за исплата на минималец, Владата им нуди бескаматни кредити на...

Наместо субвенции за исплата на минималец, Владата им нуди бескаматни кредити на работодвачите

Додека Владата го крои петтиот пакет антикризни мерки за помош на стопанството и граѓаните, се јавија и првите реакции од работодавачте и синдикалците.  Наместо финанансиска помош од 14.500 денари за исплата на минимална плата на работниците, на работодавачите им биле понуди бескаматни кредити. Понудата ја добиле на Економско-Социјалниот Совет и велат тоа е неприфатливо. Од Организацијата на работодавачи велат ако финансиската помош за исплата на минималец не продолжи и годинава, ќе се изгубат многу работни места.

„Денеска на седницата на ЕСС потпретседателот на Владата Битиќи ни го презентира новиот сет на мерки од петтиот пакет. Помеѓу другото за нас што беше најважно, наместо финансиската помош од 14.500 денари, беше понудено бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци и три години рок на враќање. И ние и синдикатите сметавме дека оваа мерка не може да биде замена за исплата на платите и ако тоа се направи ќе има големи негативни влијанија врз бројт на работници во Македонија. Образложанието зошто вака Владата смета, беше дека оваа мерка исцрпува најмногу финансиски средства и најголемиот дел од претходните четири пакети се отидени во оваа мерка“, изјави за „Денар“ Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

На состанокот им било соопштено дека мерката државна помош за исплата на плати, Владата планира да ја замени со бескаматни кредити за компаниите. Наместо субвенција од 14.500 до 21.770 денари по работник, компаниите ќе имаат на располагање бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци и период на отплата од три години со вклучен грант од 30 проценти, доколку се исполнат одредени критериуми.

Веднаш реагираа и од Сојузот на синдикати на Македонија. Бараат да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати. Сметаат дека петтиот пакет мерки треба да биде насочен кон зачувување на работните места и заздравување на економијата со цел полесно надминување на кризата.

„Субвенционирањето на платата да продолжи онаму каде што производството е намалено како што е утврдено и со четвртиот пакет мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците, работниците кои користеа мерки, како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, да бидат во висина на нивната плата, без нејзино намалување и истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, како и да имаат право на платено породилно отсуство“, ѝ предлагаат од ССМ на Владата.

Од останатите предлози од Синдикатот се и оние што се отсутни од работа поради зараза од коронавирусот, изолација и самоизолација да ја добиваат целата плата, како и тоа државните органи сите набавки да ги прават од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не ја злоупотребиле финансиската поддршка за исплата на платите.

Од Стопанската комора велат дека немаат информација до каде е дефинирањето на петтиот сет и што конкретно ќе содржи.

„Сѐ уште трае фазата на разговори со Владата, конкретно конципирање на конкретни предлог мерки. Се уште нема ќе оставиме простор бидејќи Владата ги најави за време на викендот дека се уште е во тек со преговорите со засегнатите страни“, рече Даниела Михајловска Василевска – Стопанска комора.

Иако бизнисот бараше фиансиската поддршка за исплата на минималец да важи и за јануари и да нема прекин по помошта, сепак кога пакетот ќе биде готов и кога ќе биде донесен Законот, за сега се уште нема информации. Се уште траат консултациите. Пакетот кој им бил презентиран ќе содржел дваесетина мерки кои чинат околу 50 милиони евра. 20 мерки и за него ќе бидат одвоени 50 милиони евра. Меѓу мерките презентирани во драфт верзијата биле и веќе најавените мерки од премиерот Заев, како бришење на камати на граѓаните за долгови кон државните претпријатија, а главницата да се исплаќа на рати, како и поддршка на хотелите надвор од туристичките места, за меѓународниот транспорт, за ивент индустријата и помош за тутунарите.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП