26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс предупредува на опасност од биотероризам

Бил Гејтс предупредува на опасност од биотероризам

Бил Гејтс во својот блог „GatesNotes“ наведува дека тажната реалност е дека Kовид-19 најверојатно не е последната пандемија. Не знаеме кога ќе настапи следнaта, без разлика дали станува збор за грип, коронавирус или некоја нова болест која сè уште не сме ја виделе. Но, она што го знаеме е дека не можеме да си дозволиме ново изненадување.

Гејтс во забелешката истакнува дека следната пандемија може да биде резултат на биотероризам, нагласувајќи дека „за да се спречи повторување на минатогодишните катастрофи, подготвеноста за пандемија мора да се сфати исто толку сериозно како и заканата од војна.

Бил Гејтс ги спореди идните смртоносни глобални пандемии со нов вид „воено оружје“.

Тој потсети дека на конференција во Минхен во 2017 година, тој „ги замоли светските лидери да замислат дека некаде во светот има или може да има ново оружје, способно да убие милиони луѓе, да ги запре економиите и да ги турка народите во хаос.

„Да е воено оружје, ќе реагираме правејќи се што е можно за да развиеме противмерки“, рече тој во 2017 година, додавајќи дека „му недостасува чувство на итност“ кога станува збор за биолошки закани.

„Не можеме да предвидиме кога, но со оглед на постојаното појавување на нови патогени микроорганизми, зголемениот ризик од биотерористички напади и растечката меѓусебна поврзаност на нашиот свет, постои голема шанса да се случи голема и смртоносна модерна пандемија“, напиша Гејтс.

Гејтс споменува и различни видови мерки кои можат да ги преземат владите за да се подготват за таква ситуација во иднина. Во исто време, тие повикуваат на континуирано финансирање на научните алатки кои во моментов нè водат низ пандемијата на коронавирусот.

„За да се спречи следната пандемија, ќе треба да се трошат десетици милијарди долари годишно – голема инвестиција, но имајте на ум дека пандемијата Ковид-19 ќе не чини 2,8 трилиони долари“, предупредуваат тие.

Публикацијата, исто така вели дека се очекува голем напредок во развојот на нови вакцини во следните пет години и дека мора да постои глобален систем за предупредување заснован на дијагностички тестови, што денес не може да се направи во голема мера.

“Се надевам дека ќе добиеме широка поддршка за напорите кои можат да обезбедат дека нема повеќе да ги доживуваме тешкотиите од минатата година. Веќе се појавуваат нови стратегии за подготовка за идните пандемии и очекувам да видам повеќе од нив во следните месеци и години. Светот не беше подготвен за Ковид-19 пандемијата. Мислам дека следниот пат ќе биде поинаку “, заклучува Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП