26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ ќе понуди уште два покомпактни модели

„Mercedes-Benz“ ќе понуди уште два покомпактни модели

Германската марка „Mercedes-Benz“ планира да претстави два нови модели, од кои едниот ќе се наоѓа под „A-Class“, а другиот под „GLA“. Ова го откри „Autobild“, кој тврди дека ги има плановите на компанијата од Штутгарт за 2022-ра и 2023-та година.

За можниот изглед на ваквите автомобили се дискутираше во август минатата година, кога главниот инженер за развој на компактни модели на „Mercedes-Benz“ – Аксел Хејс и шефот на тестирање Јохен Ек, објаснија дека тоа е можно благодарение на многу флексибилната платформа „MFA“.

Според досегашните информации, во 2022-ра година ќе биде објавен нов модел, кој ќе биде помал од „A-Class“. Најверојатно станува збор за верзија на хечбекот со 3 врати и пократко растојание помеѓу двете оски. Што се однесува до вториот автомобил, тој ќе се наоѓа под „GLA“ во опсегот на марката, со погон на предните тркала и ќе биде претставен во 2023-та година.

Да потсетиме, првиот „Mercedes-Benz A-Class“ (W168), претставен во 1997-ма година, беше субкомпактен модел и во оваа форма тој остана до 2012-ра година, кога порасна во големина и се искачи за еден степен повисоко. За возврат, „GLA“ е мини-кросовер, чие производство започна во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП