Претходно, извршниот директор на „Black Shark“ сугерираше постоење на премиум телефон за игри „Black Shark 4“, посочувајќи ги неговите супериорни перформанси. Набргу потоа, телефонот се најде на реперот „AnTuTu“ со рекорден резултат од над 788.000 поени.
Сега истиот уред се појави на списокот „TENAA“, заедно со главните карактеристики. На списокот се открива дека „Black Shark 4“ ќе го задржи 6,67-инчниот дисплеј како што имал неговиот претходник. Сепак, вкупните димензии се 163,83 х 76,35 х 10,3 мм, што значи дека телефонот овојпат ќе биде малку помал и очигледно ќе има помали рамки околу екранот.

