25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi“ создаде технологија за безжично полнење телефони од далечина (ВИДЕО)

„Xiaomi“ создаде технологија за безжично полнење телефони од далечина (ВИДЕО)

„Xiaomi“, една од најголемите технолошки компании во Кина и третиот најголем производител на паметни телефони во светот, претстави технологија која може да направи револуција во пазарот на полначи.

Компанијата објави дека стои зад технологијата „Mi Air Charge“ – нов метод кој овозможува безжично полнење на уреди од далечина, за кој не се потребни кабли или добро познати гаџети за безжично полнење, на кои е поставен телефонот.

Во изјавата за медиумите, од „Xiaomi“ се наведува дека технологијата се базира на позиционирање во пространство и пренос на енергија. За оваа цел, компанијата разви предавател кој има вградени петфазни интерферентни антени, помагајќи да се одреди точно каде се наоѓа паметниот телефон.

Модулот за контролна фаза вклучува 144 антени и пренесува милиметарски бранови директно на телефонот. Новата технологија нуди 5W далечинско полнење за уред лоциран во радиус од неколку метри. Исто така е можно да се полнат неколку уреди истовремено, се додека сите тие поддржуваат 5W. Физичките пречки не се мешаат во процесот на полнење.

Компанијата основана во 2010-та година не произведува само паметни телефони, туку и разни поврзани уреди за дома, кои работат во областа на т.н. „Интернет на нештата“. „Xiaomi“ тврди дека „во блиска иднина“ системот ќе може да работи не само со паметни телефони, туку и со паметни часовници, нараквици и други понуди за носење.

Портпаролот на „Xiaomi“ изјави за „TechCrunch“ дека новиот систем нема да биде воведен на потрошувачките производи во оваа година.

Претходно „XDA-Developers“ напиша дека директорот на „Motorola“ претставил и прототип на далечински систем за полнење. Не е јасно кога оваа технологија ќе се појави во уредите за широка потрошувачка.

Сето ова се случува во време кога сè повеќе производители на паметни телефони престануваат да додаваат полначи во кутиите во кои ги продаваат своите телефони. Целта на единствениот стандард за полначи на глобално ниво овозможува употреба на постари полначи и за новите уреди.

Недостатокот на полначи во кутиите со нови паметни телефони е чекор напред во исполнувањето на зелените цели на технолошкиот бизнис. Во исто време, потрошувачите можат да купуваат полначи од производители, така што ова станува нов извор на приход за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП