20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигна сериозно предупредување од СЗО: „Ако складираме вакцини наместо да ги споделуваме,...

Пристигна сериозно предупредување од СЗО: „Ако складираме вакцини наместо да ги споделуваме, ќе се случат три големи проблеми“!

Богатите земји кои се расправаат околу вакцината за Ковид-19 мораат да ја разгледаат состојбата во посиромашните делови на светот, соопшти во петокот Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи дека со складирање дози на вакцини се одржува пандемијата во живот.

Официјални лица на СЗО ја дадоа изјавата откако Европската комисија соопшти дека се согласила за планот за контрола на извозот на вакцини од Европската унија, вклучително и во Велика Британија, велејќи дека тоа морале да го сторат за да си ги обезбедат сопствените залихи.

ЕУ, чии земји-членки се далеку зад Израел, Велика Британија и Соединетите држави во однос на вакцинацијата, се обидуваат да се снабдат со залихи, баш кога најголемиот западен производител на вакцини ја забавува испораката на вакцини до Унијата поради проблеми со производството.

„Ако натрупаме вакцини наместо да ги споделуваме, ќе се случат три големи проблеми. Првиот, како што реков, ќе биде катастрофален морален неуспех, вториот, пандемијата и понатаму ќе биде жива и трето, глобалното економско закрепнување ќе биде многу бавно“, рече на виртуелниот брифинг генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Изборот зависи од нас и се надевам дека ќе го направиме вистинскиот избор“, рече тој, скоро една година по прогласувањето на вонредна состојба поради појавата на коронавирусот.

Мајк Рајан, главен експерт за итни ситуации во СЗО, рече на брифингот, на кој присуствуваа и бабица од Уганда и медицинска сестра од Пакистан, дека луѓето треба да мислат на колегите кои се во првите редови во борбата против инфекцијата, како нив.

Тој ги осуди земјите кои „се борат за колачот“, додека здравствените работници во сиромашните земји „немаат ниту пристап до трошки“.

СЗО вели дека светот треба да го диверзифицира својот синџир на снабдување за да направи вакцини против Ковид-19 и бара други добавувачи.

Организацијата минатата недела соопшти дека постигнала договор со Pfizer и BioNTech за 40 милиони дози вакцини и дека треба следниот месец да започне со дистрибуција на вакцини кон сиромашните земји, како и на оние со пониски примања, како дел од програмата COVAX.

Од СЗО се надеваат дека AstraZeneca и Универзитетот Оксфорд ќе добијат итно одобрување за употреба на вакцината, рече Соумја Сваминатан, главен научник во СЗО.

Маријангела Симао, помошник генерален директор за пристап до лекови и здравствени производи, рече дека СЗО минатиот петок одржал состанок со руските производители на вакцини, а треба да се одржат повеќе состаноци додека чекаат дополнителни информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП