25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla најавува редизајнирани S и X модели, најсилната верзија ќе има најголемо...

Tesla најавува редизајнирани S и X модели, најсилната верзија ќе има најголемо забрзување кај масовно произведените автомобили

Tesla подготвува нови изненадувања за клиентите на своите модели S и X.

Tesla го најави првиот голем редизајн на Model S откако тој се појави во продажба во 2012 година. Оваа нова верзија, која Tesla ќе ја започне со испорака во март, има освежен ентериер и опција за избор на посилен погонски систем кој ќе овозможи респектабилен дострел од 830 километри, како и лудо забрзување од 0 до 100 километри на час за помалку од два секунди.

Tesla не застанува тука, но сега тврди дека овој нов редизајниран Model S во најсилната верзија, ќе биде сериски произведен автомобил со најголемо забрзување.

Новиот Model S ќе има некои ситни измени во надворешноста, но најголемите промени всушност доаѓаат одвнатре.

Tesla реши да се ослободи од вертикалниот екран во моделите S и да стави хоризонтално свртени екрани кон нив, исто како што е случајот со моделите 3 и X. Тука е и воланот со нова и необична форма, сличен на оној виден во претстојната втора генерација на Roadster. Патниците на задните седишта исто така ќе имаат монтиран екран на задниот дел од централната конзола на автомобилот, а возачот исто така ќе има дополнителен екран зад самиот волан.

Новиот модел S ќе има почетна цена од 79.990 долари за двомоторната „long Range“ верзија, која ќе има домет од 660 километри. За оние со навистина подлабок џеб, тука е верзијата Plaid со домет од 620 километри и забрзување од 0-100 км / ч за помалку од две секунди, по цена од 119 000 американски долари. Но, ако и тоа не е доволно, тогаш оние кои не прашуваат за цената, за 139 000 американски долари можат да добијат верзија Plaid + со опсег од 830 километри.

Plaid и Plaid + на новиот Model S имаат максимална брзина од 320 километри на час, со соодветни гуми, како што истакна самиот Елон Маск, додека максималната брзина на верзијата „„long Range““ е 248 километри на час.

Новиот модел X ќе има ист надворешен дизајн, но исто така и нова „landscape“ управувачка конзола, волан пеперутка и екран за патници во задниот дел на возилото.

Цената на новиот X започнува од 89.990 долари во двомоторната Long Range верзија и со домет од 576 километри. Неговата максимална брзина е ограничена на 248 км на час, а забрзувањето од 0-100 км на час ќе се постигне за 3,8 секунди.

И кај Model X има Plaid верзија за 119 000 долари со малку послаб опсег на движење, но поголема максимална брзина и забрзување од 0-10 км на час за само 2,5 секунди.

Двете верзии доаѓаат со инфотеијмент систем на кој ќе може да се играат најновите компјутерски игри, а има и безжичен контролер за оние кои сакаат да се забавуваат играјќи компјутерски игри додека се возат (секако по можност да не е самиот возач).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП